Code week 5-20.10.2019

50979314_1917903155002584_6167118444832489472_n

УЧИЛИШТА: ДОНЕСЕТЕ ИМ ЈА НЕДЕЛАТА НА КОДИРАЊЕТО НА ВАШИТЕ УЧЕНИЦИ


Европската недела на кодирање е иницијатива на пошироко членство чија цел е да го приближи кодирањето и дигиталната писменост до секого на забавен и интересен начин.
Учењето да кодираме ни помага да ја согледаме смислата на светот што рапидно се менува околу нас, да го прошириме разбирањето за тоа како функционира технологијата и да развиваме вештини и способности да истражуваме нови идеи и да иновираме.
colabora_eun
Зошто треба да го донесете кодирањето во вашата училница?
Како кодирањето може да биде од корист за вашите ученици? Што добивате вие како наставник ?

Веруваме дека сечија основна писменост во дигиталната ера мора да вклучува разбирање на кодирање и развој на суштински компетенции поврзани со компјутерско размислување, како што е решавање проблеми, соработка и аналитички вештини.

Учењето како да кодираат може да им даде сила на вашите ученици да бидат предводници во дигиталното компетитивно општество, да развијат подобро разбирање на светот кој ги опкружува и да имаат подобри можности за успех во личниот и професионалниот живот.

colabora_scratch

Неделата на кодирање им ја нуди на сите ученици можноста да ги направат првите чекори како дигитални креатори, со обезбедување на училишта и на наставници бесплатни можности за професионален развој, наставни материјали, меѓународни предизвици и можности за размена

Подготвени да се вклучите?
Организирајте час, сесија за обука или настан и прикачете го на мапата.

Без разлика дали имате знаење од областа на кодирањето или програмирањето или немате, лесно може да организирате час во вашата училница, отворен ден или настан во вашето училиште. Само најдете датум и регистрирајте ја активноста на  https://codeweek.eu .

61787728_431845340937700_7955727549135323136_n

Нови во кодирањето? Без грижа
Нашите алатки помагаат да се запознаете со кодирањето пред да им го пренесете на вашите ученици

Ако сте заинтересирани да го донесете кодирањето во вашата училница, но не знаете каде да започнете, не грижете се! Меѓународен тим на наставници и експерти развиваат збирка на кратки онлајн модули за обука за да ви помогнат да започнете.Секој наставник ќе стекне ознака за завршена обука Massive open online course (MOOC)

badgeНе е потребно претходно искуство во кодирање за да се следат нашите делови за учење!

Барате дополнителен предизвик ?
Изградете мрежа од активности, вклучете колку што е можно повеќе ученици .

Code Week 4 All ве предизвикува да ги здружите силите со други наставници или училишта и да учествувате во меѓународна заедница на истомисленици давајќи им на учениците можност да ги направат првите чекори во кодирањето.

Напишете коментар