ЕРАЗМУС+ Проект бр.3 “5 Наследства и 6 наследници“

Во периодот од 26 – 29 ноември  2019 година , нашето училиште беше домаќин на првата средба од третиот добиен Еразмус + проект “5 Наследници и 6 наследства“. Станува збор за проект чија што цел е промовирање и изучување на културното наследство и споделување на културните вредности на државите кој се дел од овој проект. Тоа се Р.Шпанија која е главен координатор на овој проект како и партнер училиштата од Р. Италија, Р.Турција, Р.Романија , Р.Словачка и се разбира Р.Македонија. Највозбудливиот дел се разбира од овој проект и воедно најдобриот е тоа што дел од нашите ученици ке имаат можност да се дел од мобилностите и активностите во горенаведените земји, ќе имаат можност да ги посетат и да се запознаат со нивните наследства и култури.

Во прилог ви претставуваме дел од атмосферата во нашето училиште и нивниот  престој во текот на овие 4 работни дена, каде што нашите драги гости имаа можност да ги видат убавините на Битола, Пелистер, Широк Сокак со сите негови убавини , цркви, џамии, Хераклеја, Стариот Пазар, Охрид итн. Воедно имаа и посети на часови како и  обука за употреба на веб 2.0 алатки во образовниот процес кој ке се употребуваат во текот на овој проект.

20191125_14251720191126_095327

20191126_10090520191126_100926

20191126_10100420191126_10323520191126_10352320191126_10391020191126_10460220191126_10495920191126_10544520191126_11440920191126_11442820191126_11593820191126_12155320191126_12595720191126_13550420191127_09222720191127_112237 - Copy20191127_133328 - Copy20191129_092708 - Copy20191129_094504 - Copy20191129_09575320191129_121201 - Copy78245363_603473017062402_3657560867572023296_n

 

Еразмус+ проект „5 Наследства и 6 Наследници“ („5 Heritages and 6 Inheritors“)

2019-1-ES01-КА229-064213_2

  1. Цел на проектот: Учениците да се запознаат со вредноста на културното и природното наследство и начините за негова заштита и да се подигни нивната свесност за хуманистичките вредности преку филозофијата за Граѓани на Светот. Учениците ќе бидат вклучени во мобилностите и ќе соработуваат со учениците од 5 други училишта во заеднички активности со теми за културното и природното наследсво, музиката, храната, големите филозофи и европското единство. Тие ќе се дружат и ќе учат едни за други.
  • Првата средба на проектот се одржа во нашето училиште од 26 до 29 ноември 2019 год. и беше планирана и организирана како средба за обука на наставниците, за споделување на добри практики за актуелизирање на културното и природното наследство во наставата и воннаставните активности, преку дискусии и пример-часови одржани од нашите наставници. Беше организирана и работилница за Web 2.0 Tools (2.0 веб алатки) низ интересни практични примери. Во подготовката и реализацијата на активностите во нашето училиште учествуваа 6 наставници.
  • Онлајн средба во организација на училиштето од Романија „Scoala Gimnaziala Magura“ од 13 – 16 декември 2021 год. со тема „Европското единство“. Во подготовката и реализацијата на активностите во нашето училиште учествуваа 10 наставници и 25 ученици.
  • Мобилност во Турција, во организација од училиштето „Kazim Ozenc Secen Ortaokulu“  од Конија од 14 – 17 февруари 2022 год. Со тема „Големите филозофи“. Вклучени беа тројца наставници и четири ученици.
  • Онлајн средба „Природното наследсво во Европа“ во организација на училиштето од Италија Scuola Secondaria 1 grado “Cosmo Guastella”, Misilmeri од 22 – 25 март 2022 год. Во подготовката и реализацијата на активностите во нашето училиште учествуваа 8 наставници и 24 ученици.
  • Онлајн средба „Вкусот (храната) на Европа“во организација на училиштето од Шпанија „Instituto de Educación Secundaria Río Aguas“, Sorbas од 9 – 12 мај 2022 год. Во подготовката и реализацијата на активностите во нашето училиште учествуваа 10 наставници и 25 ученици.
  • Мобилност во Словачка „Музиката во Европа“, во организација од училиштето „Zakladna skola Rovinka“ од Ровинка од 30 мај – 2 јуни 2022 год. Вклучени беа двајца наставници и шест ученици.