Полуматуранти 2024

ООУ ,,Браќа Миладиновци”- полуматуранти 2024

Добрушево и Дедебалци

Завршувањето на учебната година е време на емоции, сеќавања и размислувања. Драги полуматуранти, честитки за успешно завршена учебна година! Вашата посветеност и труд донесоа плодови, и сега е време да го одбележиме овој успех. Споделете ги вашите искуства и спомени,радувајте се на секој момент. Пред вас се отвора нова глава во вашата образовна приказна, па зборовите се едноставни – продолжете напред со доверба и самодоверба. Живејте го моментот и подгответе се за она што доаѓа со најдобри очекувања и најголема самодоверба. Ние бевме вашиот втор дом, место каде секој од нас со својот дел допринесе да се нареди сложувалката во вашите срца. Секој од нас на различен начин остави белег во вашиот живот. Тука се разделуваат нашите патишта, ние почнуваме одново да подигаме нова генерација, а вие продолжувате да се искачувате кон освојување на нови висини со нови ликови во вашите животи, кои ќе ја имаат истата мисија како нас.

Среќно, полуматуранти!

Општински натпревари

На општинскиот натпревар,, Млади библиотекари,, во организација на НУУБ,, Св. Климент Охридски,,- Битола нашиот ученик Бојан Цветковски од осмо одделение го освои четвртото место под менторство на наставничката по Македонски јазик Бети Марковска. Честитки!

Ден на пролетта

21 Март

Добредојде пролет!!!

Садењето на садници во училишниот двор не само што создава природна убавина, туку и допринесува за здравје на околината, ја подобрува атмосферата и го оплеменува просторот со живот.Засади дрво – засади иднина!

Да се грижиме за природата ако сакаме да уживаме во неа!

Патронен Празник

Прослава на Патронен празник во централното училиште во с.Добрушево

Денес во нашето централно училиште во с.Добрушево се одбележа прославата по повод Патрониот празник на нашето училиште. Им благодариме на сите учесници од Добрушево и подрачните училишта од с.Мусинци и с.Ношпал, едно големо браво за учениците и наставниците кои го направија овој ден посебен. Благодарност и до Градоначалникот на нашата општина Драганчо Саботковски за неговото присуство како и директорите на училиштата од Могила и Ивањевци, на сите присутни ученици, наставници и родители. Честит Патронен празник!

Патронен празник

Прослава на Патронен празник во подрачното училиште во с.Дедебалци

Денес во нашето подрачно училиште во с.Дедабалци се одбележа прославата по повод Патрониот празник на нашето училиште. Им благодариме на сите учесници од Дедебалци и подрачното училиште од с.Трап- Будаково, едно големо браво за учениците и наставниците кои го направија овој ден посебен. Благодарност и до Градоначалникот на нашата општина Драганчо Саботковски за неговото присуство како и на сите присутни ученици, наставници и родители. Честит Патронен празник!

Обуки

Согласно законските прописи, членовите на Училишниот одбор на ООУ,, Браќа Миладиновци,, Добрушево на 23.11.2023 г. успешно ја завршија обуката за Училишен одбор на тема,, Подобрување на компетенциите на членовите на училишните одбори за подобрување на нивната ефикасност и ефективност во работењето,, во организација на Коучинг-Н Битола.

Месец на книгата – ноември 2023

Нашето училиште го одбележа Месецот на книгата со многу активности. Но, денес 17.11.2023 год ние го заокруживме со нашиот гостин битолчанката – Јована Матевска Атанасова. Македонска писателка, млада надежна и продуктивна. Раскажувач, рецезент. Автор на романите: Тамбоски снегови, Писмата на библиотекарката, Јас во суперлТИВ, Интерактивна книга, Гладоморје.

Двократен лауреат на престижната награда Живко Чинго, добитник на многу регионални и општински натпревари итн.. Јована се јавува и со нови раскази за деца кои ги има и во учебникот за 6 одделение. Според авторката која донесе и прочита нови необјавени раскази вели: ,, Читањето е разговор и сите книги зборуваат. Но, сепак и добрата книга знае да слуша“.

И благодариме што не удостои со нејзиното присуство. А нејзините раскази, ние со задоволство ќе ги читаме и анализираме на часовите по македонски јазик. Како што и самата рече :,, За да почнеш да пишуваш книга треба да знаеш што? кој? каде? кога?“.

Така да ние читавме, работевме, размислуваме, одговаравме на прашања и најважно од се ние се дружевме и сето тоа во чест на КНИГАТА. Ние сите се губиме во неа, но и таму се пронаоѓаме во се.

Ве очекуваме повторно Јована да ни бидете гостин. Настанот го следа ученици од 6 и 7 одд Централното училиште од с. Добрушево и 6 одделенците од ПОУ с. Дедебалци.

Ментор: Бети Марковска наставник по македонски јазик.